Република Македонија е земја потписничка на Конвенцијата за правата на детето и двата нејзини Протоколи: Факултативниот протокол за продажба на деца, детска проституција и детска порнографија и Факултативниот протокол за учество на деца во вооружени конфликти.Република Македонија има преземено обврска дека во согласност со членот 44 од Конвенцијата ќе поднесува до Комитетот на Обединети нации (ОН) за правата на детето иницијални и периодични извештаи за примената на Конвенцијата и мерките кои ги има усвоено, а придонесуваат за остварување на правата и напредокот во нивното спроведување.