Централен настан во 2010 г. беше донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација
(Службен весник на РМ, бр. 50 од 13.04.2010 година). Уште при контроверзната промоција на предлог-зако-
нот министерот за труд и социјална политика изјави дека сексуалната ориентација не влегла во законот „од
причини што тоа не е во согласност со уставот и законите во Република Македонија». И покрај домашната
и меѓународната реакција поради бришењето на сексуалната ориентација, министерството продолжи да
го застапува ставот на Владата дека сексуалната ориентација „не треба да биде еден од основите за дискри-
минација“.