Со напредување на процесот на децентрализација, обврските и одговорностите на локалната самоуправа се зголемуваат, а паралелно со тоа, се зголемуваат и средствата со кои таа располага.
Снабдувањето со потребните стоки, услуги и работи, со кои треба да се подобрат условите за живеење на граѓаните во заедницата, со кои треба да се намируваат тековните трошоци на општинската администрација и со кои се остваруваат капиталните вложувања во заедницата, локалната самоуправа го остварува преку процесот на јавни набавки или познати како тендери.