ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА СОВЕТОТ ЗА СОРАБОТКА СО И РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР
Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија.
Советот ја следи и анализира јавната политика која се однесува и/или влијае на граѓанскиот сектор; иницира
донесување на нови или изменување и дополнување на постојните прописи за унапредување на правната и институционалната рамка за делување на организациите; дава мислење по предлози на закони, стратегии, програми и други правни акти кои се однесуваат или влијаат на развојот и на делувањето на
граѓанскиот сектор.