Извештај од истражувањето за можностите за информираност на учениците од областа на репродуктивното здравје и неговата заштита во училиштата
Продлабочувањето на диспаритетите во здравствениот статус на населението придонесуваат СРЗ (СРЗ), кое според Светската здравствена организација подразбира овозможување на највисоки стандарди на физичка и ментална, но и емотивна и социјална благосостојба на луѓето, континуирано да добива значење во меѓународните и националните здравствени институции. Во Република Македонија СРЗ, како комплекс од здравствени и социокултуролошки аспекти поврзани со сексуалноста и репродукцијата на луѓето, е еден од приоритетите во јавно-здравствените политики за унапредување и заштита на севкупното здравје и правата на сите граѓани. Ова го нагласува и фактот што на ниво на државата се донесени низа стратегии и политики кои се од интерес на оваа проблематика. Најзначаен документ е Националната стратегија за СРЗ во Република Македонија (2010-2020), која по својата структура е сеопфатна, односно го зема предвид и најголемиот дел од темите кои ја дефинираат рамката на СРЗ и правата. Меѓу предизвиците за подобро сексуално и репродуктивно здравје кои ги посочува овој документ се наведуваат дека во Република Македонија не постојат доволно релевантни податоци за сексуалното однесување и СРЗ на адолесцентите.