Извештај од истражување: Процесот на инклузија во предучилишните установи во општина Карпош
Истражувањето претставено во овој извештај се однесува на досегашните искуства во спроведување на процесот на инклузија на предучилишните установи од Општина Карпош. Истражувањето е дел од проектот „Инклузија во ран детски развој“ , спроведуван од здружението „Отворете ги прозорците“, во рамки на проектот Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа (ПРЕЦЕДЕ) кој во земјава го спроведува Првата детска амбасада во светот Меѓаши.Овој проект е дел од суб-грантираните проекти во рамките на проектот ПРЕЦЕДЕ кој е финансиран од страна на Европска унија Instrument for Pre-accession Assistance (IPA) Civil Society Facility (CSF). Истражувањето се спроведе во текот на месеците мај и јуни 2016 година.