Истражувањето претставено во овој извештај се однесува на досегашните искуства и иницијативи во обезбедување пристапност и инклузивност на судовите во Македонија. Истражувањето е дел од проектот „Имам право на еднаков пристап до правда“ , спроведуван од здружението „Отворете ги прозорците“. Проектот е дел од шемата за регрантирање на граѓански организации, во рамките на Проектот „Мрежа 23+“ ИПА 2015/372-126, финансиран од Европската Унија. Проектот „Мрежа 23+“ го спроведуваат ЕПИ, како носител на проектот, во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.