Извештај од истражување: Примена на асистивната информатичка технологија во основните училишта во Република Македонија – тековна состојба и потреби –
Овој извештај ги прикажува клучните наоди, заклучоци и препораки од истражувањето на примената на асистивната информатичка технологија (во натамошниот текст: асистивна технологија) во наставата во основните училишта во Македонија. Целите на истражувањето беа: (1) да се документира тековната состојба во основните училишта во поглед на примената на компјутерите како алатка за подобрување на квалитетот на образованието на учениците со посебни образовни потреби, и (2) да се идентификуваат потребите и можностите за примена на асистивната технологија во наставниот процес.