Североисточниот плански регион е регион кој има најголема стапка на невработеност во Македонија од 44%, што претставува 16 процентни поени повисоко од националниот просек кој во 2014 година изнесувал 28%, а истовремено и најниска стапка навработеност од 30,3%. Истовремено, во истата година, стапката на невработеност во руралниот дел на СИПР е 52,2%, што е речиси двојно повеќе, односно 25,7 процентни поени повисока во споредба со просечната национална стапка на невработеност во рурален дел
(која изнесува 26,5%). Стапката на невработеност во СИПР пак во урбаниот дел е 39,3%, или 9,9 процентни поени повисока од националниот просек на стапка на невработеност во урбаниот дел од 29.2%