Македонското законодавство дозволува абортус по лично барање на жената во првите десет недели од бременоста. По овој период, абортусот е легален и подоцна во текот на бременоста кога животот или здравјето на жената се во ризик или поради одредени социо-економски причини или кога бременоста е
резултат на кривично дело, како и во случаи на фетални аномалии. Меѓутоа, во 2013 и 2014 година беа воведени повеќе нови законски одредби кои мора да бидат исполнети пред на жените да им биде 1
одобрен абортус по лично барање . Овие услови вклучуваат задолжителен тридневен период на чекање по советувањето, низ кој жените мора да поминат од моментот кога ќе побараат абортус до спроведувањето на
процедурата, како и задолжително пристрасно советување и задолжителен ултразвучен преглед пред абортусот. Новите законски одредби ги зголемија и казните за здравствените институции и давателите на услуги кои ќе го прекршат законот и воведоа кривични санкции против здравствените работници.