Индексот е замислен како показател за државните институции кој треба да им послужи како основа за подобрување на рационалноста при јавните набавки, односно при трошењето на јавните пари. Со оглед на тоа што просечните цени во индексот претставуваат просек од цените што ги постигнале самите институции и не значи дека тие се реален или пазарен одраз на вредноста, целта на државните институции треба да биде, секогаш кога можат, да се стремат кон постигнување на најниските цени и подомаќински да ги трошат
јавните пари, бидејќи за истите набавки, други институции постигнале поповолни цени на пазарот.