Индексот на рационалност се изработува преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Индексот на рационалност се изработува квартално и во секој квартал опфаќа генерално по пет различни предмети на набавка. Во индексот се споредуваат трошењата на најмалку пет институции, со настојување секаде каде што е можно да се максимизира бројот на опфатени институции. Фактот што индексот опфаќа ист вид производ, услуга или работа дава можност, освен споредба на цените, да се претстави и различниот однос на државните институции при спроведувањето на исти видови јавни набавки.