Како резултат на едногодишниот процес на мониторирање, беа документирани 40 случаи во кои се индицираат флагрантни кршења на сексуалните права и здравствените права на припадниците на маргинализираните групи. Документирани се 14 случаи на дискриминација врз КД, 11 случаи на дискриминација врз СР, 1 случај на дискриминација врз ЛГБТ-лицата, 2 случаи на дискриминација на лица кои живеат со ХИВ/СИДА. Документирани се 11 случаи на насилство врз СР, 3 случаи на насилство врз ЛГБТ-лицата, 2 случаи на дискриминација на лица кои живеат со ХИВ/СИДА, што укажува на висок степен на корелацијата помеѓу насилството и дискриминацијата.