Овој извештај е резултат на проектот „Унапредување на националната инфраструктура против
злосторства од омраза и говор на омраза“, финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје,
а спроведен во периодот помеѓу 1 јануари и 31 декември 2014 г. Главната цел на проектот е да
се зголеми разбирањето и засили капацитетот на институционалните и граѓански општествени
чинители за ефикасно справување со злосторство од омраза и говор на омраза во согласност
со домашното законодавство, заложбите на ОБСЕ и меѓународните стандарди. Една од главните
цели на проектот е да се зголеми капацитетот на правните практичари и граѓанското општество
за проследување и пријавување појави на злосторства од омраза во земјата. Овој извештај се
предвидува да послужи како индикатор на опсегот, природата и зачестеноста на злосторствата
од омраза извршени во земјата.