Центарот за граѓански комуникации од Скопје, во периодот од ноември 2008 до ноември 2009 година, го анализираше спроведувањето на процесот ја јавни набавки во РМ, кој е регулиран со Законот за јавни набавки. Целта на анализата е да оцени како се спроведува процесот на јавни  набавки во светло на новиот Закон за јавни набавки : транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економичност, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.