Коалицијата “Сите за правично судење“ ја заврши 2012 година со реализација на три проекти како дел од стратешката програма за работа до 2014 година. Поради низа објективни причини и настанати промени во минатата година, деловното портфолио на Коалицијата значително е намалено, споредбено со претходниот период. Причините во прв ред се однесуваат на повлекувањето на дел од досегашните стратешки подржувачи на организацијата од Република Македонија, а дел од нив се резултат на недоволно развиените организациски капацитети за учество на повиците од европските фондови, како и нивната достапност – проблем со кој реално се соочуваат поголем број на организации од граѓанското општество во Македонија.