Годишен извештај на коалицијата С3ПМ3-(2015)
Здравствените права на луѓето што употребуваат дроги се загрозуваат од многубројните прекршувања
на нивните човекови права при контакт со полицијата. Криминализацијата на луѓето што поседуваат дрога за лична употреба го загрозува нивното право на здравје. Најбројни жртви на повреди на правата во полициските акции за „сузбивање на дрогата“ се рекреативните корисници на „тревкаста материја“. Лицата што се лекуваат од зависност од дрога укажуваат на многубројни повреди на нивните здравствени права при контакт со полициски службеници: повреда на правото на лекување преку незаконито одземање и/или истурање на метадонската терапија, повреда на правото на приватност и доверливост во однос на медицинските податоци, вознемирување на клиентите во центрите за намалување штети, ускратување
на правото на лекар во случаи на апстиненцијална криза и искористување на симптомите на апстиненцијална криза за изнудување признанија, присилување на тестирање за урина без согласност, итн.