Целта на ова истражување е идентификување на причините кои го движат развојот на граѓанските организации – ГО и фондации во регионите и во општините на Република Македонија како и идентификување на последиците од таквиот развој. Развојот на граѓанските организации и фондации се анализира според регионалната статистичка организација на Република Македонија на осумте статистички плански региони согласно Законот за рамномерен регионален развој и на територијалната поделба на
80 единици на локална самоуправа – ЕЛС согласно Законот за територијална организација на локалната самопуправа во Република Македонија и затоа ова истражување го нарекуваме истражување за децентрализирано влијание на ГО. Ова истражување за децентрализираното влијание на ГО, предвидено е да биде континуиран процес од кој се очекуваат и странични аутпути во согласност со наодите кои ќе произлезат од истражувањето во форма на “студии на случај“.