Анализата за вклученоста на граѓаните и граѓанските организации во процесот на креирање, одлучување и спроведување на политики може да ни даде поцелосна слика за легитимитетот на демократските процеси во Република Македонија. Преку учество на граѓаните во процесот на креирање, одлучување и спроведување на политики, покрај тоа што се зголемува одговорноста, транспаретноста и отчетноста на институциите, се зголемува и довербата на граѓаните во државата преку подобрување на квалитетот на политиките, а со тоа се намалува и демократскиот дефицит кој што е препознаен во бројни домашни и странски анализи. Исто така, на овој начин граѓаните имаат можност и директно да влијаат на решавањето на проблемите кои ги засегаат, на национално и на локално ниво. Европската Унија, во однос на Република Македонија, се јавува како еден од најголемите донатори и соработници на невладиниот сектор. Во тој контекст ЕУ во 2007 година започна со финасирање преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Проектите финсирани од ИПА имаат за цел развивање на демократското општество преку соработка и вклученост на граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуките. Таквата соработка ќе гарантира институционално зајакнување и постојан дијалог помеѓу Владата и граѓанскиот сектор. Благодарение на овие фондови, Македонија има пристап до 622,5 милиони евра за годините 2007-2013. Но, и покрај институционалната и финансиска подршика од страна на ЕУ, практиките на вклученостна граѓанскиот сектор во процесот на креирање, донесување и спроведување на политиките, посебно на оние поврзани со процесот на приближување до ЕУ, се соочуваат со низа предизвици.Оваа анализа ја испитува вклученоста при процесот на донесување на одлуките поврзани со Европската интеграција на Република Македонија, и за релевантни ги зема граѓанските организации кои како работен фокус ја имаат оваа проблематика и извештаите за напредокот на РМ од Европската комисија.