Пристапувањето кон ЕУ е комплексен процес кој подразбира исполнување на политички, економски критериуми и споспбност за преземање на обрвските за членство имплицирајќи опсежни реформи во секоја сфера од општеството:политичка, економска, социјална, културна. Претходните проширувања на ЕУ покажаа дека исполнувањето на копенхагенските политички критериуми согласно кои државата кандидат за членство мора да поседува стабилни институции кои ја гарантираат демократијата, владеењето на правото и човековите права, заштитата на малцинствата претставуваат најголем предизвик и како такви имаат апсолутен приоритет во однос на останатите критериуми. За таа цел, ЕУ обезбеди политичка и финансиска поддршка, Инструментот за претпристапна помош (ИПА) ефикасно се насочува на активностите за поддршка на политичките критериуми. Сепак, обезбедувањето на помош од ЕУ е еден чекор, многу зависи од националните институции, aпсорпциониот капацитет, активната вклученост и посветеност, кои се клучни за успешно искористување на средствата и постигнување на посакуваните ефекти и придобивки за општеството.