Реформите и модернизацијата на администрацијата се континуиран процес и еден од главните приоритети на Партнерството за пристапување1 кон ЕУ. Во изминатиов период, политичката и институционалната криза што континуираното влијаат врз извршната власт, врз судската и врз законодавната власт, доведоа до суспензија и до поткопување на демократските стандарди во Република Македонија, го урнаа владеењето на правото и на функционирањето на правната држава, а сето тоа директно влијаеше за забрзан пад на квалитетот на уставно гарантираните човекови слободи и права. Политичкото решение кое има за цел да го промовира политичкиот дијалог, да обезбеди еднакви услови за политичка конкурентност, враќање на довербата во државните институции, како и функционирање на Собранието на Република Македонија во согласност со својата уставна улога, е највисок приоритет за државата.