Во постапките за јавни набавки, фирмите сè почесто меѓу себе се натпреваруваат со своето искуство и големина, наместо со своите понуди. Оттука, наместо цената и квалитетот на понудените производи или услуги, сè повеќе на значење добиваат референтните листи на фирмите, бројот на вработени, како и договорите што веќе ги имаат склучено со други државни институции.