Извештајот во сенка, подготвен од страна на децата има за задача да презентира податоци кои засегаат што поголем број на детски права од Конвенцијата за правата на детето, се со цел да претстави поточен приказ на степенот на нивното почитување во земјата.Овој извештај во сенка го направивме група деца и млади, членови на седум HBO-и и тоа: Женска граѓанска иницијатива „Антико“ – Кичево, Хуманитарна организација „Мајка“ – Куманово, Совет за превентива од малолетничка деликвенција – Кавадарци, Центар за одржлив развој „Порта“ – Струмица, Центар за балканска соработка „Љоја“ – Тетово, Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“.