Пристапниот процес во Европската унија води кон политички, социјални и економски одлуки кои имаат значително влијание врз животите на сите граѓани. Многу од тие одлуки носат трајна корист. Оттука, битно е процесот на пристапување да биде транспарентен, јавноста да биде целосно информирана за одлуките, причините за нив, користа и трошоците што ќе произлезат од нив.