Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) донесен 2010 година како основи за дискриминација во член 3 не ги содржи сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Законот во оваа форма беше предмет на дебата и предизвика реакции на незадоволство на здруженијата кои ги застапуваат правата на ЛГБТИ заедницата и нивните поддржувачи. Исто така меѓународната јавност посочи на потребата од јасно дефинирање на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како дискриминаторски основи со што би се овозможила недвосмислена заштита на ЛГБТИ лицата.