И по четврта година од следењето на здравствените услуги кои ги добиваат бремените жени од Шуто Оризари, опфатот на бремените Ромки од страна на патронажната служба останува на ниско ниво, а обемот  и квалитетот на услугите од патронажните сестри бележи постојан тренд на опаѓање. Податоците од терен покажуваат дека мерките од Програмата за активна здравствена заштита намајките и децата не одговараат на потребите на бремените жени, ниту пак стигнуваат до крајните кориснички во практика. Иако е забележен тренд на подобрување на состојбата со трошоците во текот на бременоста, во ординациите на матичните гинеколози на Ромките сè уште незаконски им се наплаќаат дополнителни средства за услугите кои им следуваат бесплатно со здравственото осигурување.