Транспарентноста и отчетноста се два од осумте основни принципи на добро владеење.Транспарентноста претставува јавност и видливост на акциите,мерките,цената и ефектите од некоја дејност.Организацијата на Обединетите нации укажува дека транспарентноста значи дека одлуките се донесуваат и се спроведуваат законски и регуларно,а подразбира дека доволно информации се достапни и дека тие се достапни во лесно разбирливи форми и медиуми.