Бенефити и трошоци од странските директни инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони
Слободните економски зони(СЕЗ) како форми за привлекување инвестиции и како форма за унапредување на економскиот развој, се концепт кој е доста стар, но првата модерна специјална економска зона е основана во 1959 година, во Ирска (Guangwen, 2003), додека значајна популарност овие зони добиваат во деведесеттите кога се проценува дека има околу 500 СЕЗ, чиј број на светско ниво по повеќе од една деценија се смета дека изнесува помеѓу три и пет илјади и најголем дел од нив се лоцирани во земјите во развој (Carterand Harding, 2011:8).