Публикацијата што е пред вас, насловена како „Бајка или реалност!? Бесплатната правна помош во Република Македонија“ содржи анализа од примената на Законот за бесплатна правна помош во Република
Македонија во 2011 година. Анализата е резултат на континуираната работа на Македонското здружение на младите правници (МЗМП) и на Правната програма на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“. Проектот има за цел да придонесе кон поефикасна примена на Законот за бесплатна правна помош, како и во обезбедувањето на правото на еднаков и ефикасен пристап до правдата на граѓаните и на лицата кои престојуваат во Република
Македонија. Во исто време, проектот има за цел да се зајакнат капацитетите на здруженијата како даватели на бесплатна правна помош.