Асистивна информатичка технологија за поголема инклузивност на образованието : анализа и препораки
Современата технологија брзо и неповратно го менува светот во кој живееме. Во оваа често употребувана констатација има една силна носталгична нишка по „старите добри времиња“, кога не бевме толку „отуѓени“ едни од други, кога се враќавме од одмор пред да пристигнат разгледниците испратени до најблиските…
Оваа публикација прикажува некои од позитивните промени што со себе ги носи новото време, поточно, какви можности стојат пред нас.