Македонското здружение на млади правници (МЗМП) активно работи во областа на заштитата од дискриминација веќе неколку години. Така, здружението беше меѓу првите кое подготви извештај за потребата од донесување закон за заштита од дискриминација, а потоа и анализа на ефикасното спроведување на новодонесениот закон од страна на институциите. Проектот „Борба против дискриминација преку стратешко застапување, зајакнување на улогата на граѓанските организации, е проект поддржан од Фондација – Отворено општество кој се спроведува во периодот од две години (септември 2012 – 2014 г.)