Социјалната инклузија и вработувањето претставуваат сериозен предизвик со кои Република Македонија се соочува во континуитет преку повеќе групи на невработени лица вклучувајќи: млади, долгорочно невработени лица, корисници на социјална помош, лица со низок степен на образование. Младите лица, како една од ранливите групи на пазарот на трудот во Македонија, во четврто тримесечје 2015 година2 се со стапка на невработеност од 42,7%, (согласно методологијата на Меѓународната организација на трудот – МОТ за возрасна група на млади невработени лица). Идентификувани причини се за стапката на невработеност се: проблемот со премин од училиште на работа, недостиг на пракса за работа во реални работни услови, диспропорција помеѓу стекнатото образовно искуство и реалните потреби на пазарот на трудот, прифаќање на непријавена работа и слично.