Јавниот интерес во ЗДСЈД не е дефиниран со прецизни критериуми, туку е илустративно определен преку наведување на одреден број дејности чие поддржување и промоција е од интерес за општеството. Притоа, оставен е простор вака утврдениот јавен интерес да биде проширен и со други дејности од јавен интерес утврдени со други закони.Јавните дејности, т.е. дејностите од јавен интерес, се исто така илустративно определени во ЗДСЈД преку наведување на одреден број дејности, со оставање на простор во овој список да влезат и со други дејности од јавен интерес утврдени со други закони.