Очекувањата за лицата со интелектуална попреченост (ИП) не се ништо повеќе од подигнување на свеста за нивното постоење и неопходното решавање на проблемите. Промовирањето на правата на овие лица и обезбедувањето услови за целосно уживање на нивните права не е никаква привилегија, туку едноставно подразбира нивно активно вклучување како граѓани на ова општество кои имаат еднакво право на живот како и другите, создавање семејство и одгледување на сопствени деца, право на образование и работа, учество во социјалниот живот. За остварување на овие права потребно е креирање на животна средина без бариери, но и охрабрување за овие лица да живеат независно, придонесувајќи во општеството од секаков аспект.