Проектот “Заштита на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија” започна со имплементација на 01.10.2014 и траеше вкупно 14 месеци, заклучно со 30.11.2015 година. Во рамки на проектот беа спроведени неколку активности, и тоа: 1. Бесплатна телефонска “зелена” линија; 2. Стратешко
застапување во постапки против дискриминација; и 3. Соработка со граѓанскиот сектор – вклучително и јакнење на неговите капацитети по прашања поврзани со случаи на дискриминација.