Анализата што е пред вас е последнаво низата од три извештаи за примената на  Законот за бесплатна правна помош кои ги подготви Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во соработка и со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а се однесува на примената на ЗБПП во периодот 2010–2012 година. Таа е резултатна проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна  помош“, кој има за цел да придонесе кон изградбата на ефикасен и ефективен систем на бесплатна правна помош,уреден со квалитетен Закон за бесплатна правна помош, донесен во транспарентна постапка во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни и кој ќе може да обезбеди еднаков пристап до правдата за сите граѓани.