Даноците се најважната форма на јавен приход и еден од најважните средства за редистрибуција на националниот доход до различни субјекти и во различни форми на потрошувачка. Даноците стануваат сè поважни и во најмногу земји зафаќаат над 40% од БДП, што значи огромен удел, а во некои земји изнесуваат дури половина од БДП. Во почетокот на 90тите, кога се воведе новиот економски систем во Република Македонија, се воведе и нов фискален систем врз основа на принципите на пазарна економија, приватна сопственост, независност на економските субјекти итн.