Консултацијата со граѓаните е основен предуслов за практикување на партиципативнo
и транспарентно владеење. Се базира на идејата граѓаните да го подобруваат својот
живот преку сопствени идеи, учество и административен развој на отчетна локална
власт на која може да ѝ се верува.
Основните форми на консултација со граѓаните се елаборирани во правни документи
усвоени во државата, и на национално, и на локално ниво. Сепак, не постојат
рестрикции на методите што локалните власти можат да ги употребат во барањето на
граѓански придонес за сите прашања во рамките на нивните надлежности. Оваа
анализа претставува обид да се направи увид на моменталниот статус на практиките
кои се користат од страна на локалните власти во државата, генерално.
Анализата го разгледува степенот и различните димензии на механизмите за
граѓанско учество, фокусирајќи се примарно на перцепциите на претставниците од
локалните власти и граѓаните, како и нивните искуства, и кои стратегии ги имаат на
располагање во справувањето со процесот на консултација. Исто така ги разгледува и
ефектите од користењето на овие средства.