Во првиот квартал од 2016 година, стапката на невработеност во Република Македонија изнесуваше 24,5%.1 Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) заклучно со јануари 2016 година, вкупниот број на невработени е 116.601, од кои 5.920 се Роми, а од нив 2.128 се жени Ромки.2 Се претпоставува дека бројката на невработени Роми е многу поголема затоа што не сите Роми се регистрирани како активни или пасивни баратели на работа во АВРМ.