Анализа на независноста на судството во Република Македонија
Принципот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, чии носители се три различни органи кои меѓусебно се контролираат и одржуваат рамнотежа во користењето на моќта, е утврден со највисоките правни акти во речиси сите демократски држави. Де Монтескје (“De l’esprit des lois” 1748) се смета за
основоположник на идејата за поделба на власта во политичката филозофија.