Анализа на независноста на судски совет на Република Македонија
Остварување на правото на правично судење преку независно, непристрасно и стручно судство е основа на владеењето на правото во секоја модерна демократска држава. Од секоја држава која тежнее кон тоа, оправдано се очекува да стори сè за обезбедување на она што го препорачуваат меѓународните инструменти. Државата треба да го организира својот политички и правен систем на таков начин што независноста и непристрасноста во судството ќе ја поттикнува и ќе овозможи таа доверба да се реализира.