Со законите што го регулираат формирањето и функционирањето на комисиите генерално е утврдено дека истите се самостојни и независни во извршувањето на законските надлежности и дека изборот на кадрите се врши по пат на јавно објавен конкурс во кој се содржани и критериумите што се бараат, а изборот, по  правило, го врши Собранието на РМ, по предлог на надлежната собраниска комисија за избор и именување. Наспроти ваквата законска поставеност и критериумите за стручност и компетентност, во практиката е присутно големото политичко влијание при изборот на кадрите во овие тела, што понатаму се реперкуира со
влијание на владејачката гарнитура врз донесувањето на нивните одлуки. Оттука, наместо независност, професионалност и објективност, овие тела, најчесто, при одлучувањето покажуваат двојни стандарди – селективен однос и пристрасност.