Забраната на дискриминација е актуелна тема третирана не само во бројни меѓународни, туку и во национални документи. Антидискриминационата политика е задача на државите на сите нивоа. Државите не смеат ниту да ги кршат човековите права, ниту да дискриминираат. Меѓутоа, оваа обрврска на државата со текот на времето се има проширено затоа што човековите права можат да бидат загрозени и од трети, приватни лица. Поради тоа, обврска на државата не е само да ги почитува човековите права и да не врши дискриминација, туку и да се погрижи третите лица да не ја вршат истата.