Изработката на Анализата на локалните стратешки документи од аспект на принципот на недискриминација и еднаквост во осум (8) општини во Република Македонија произлегува од проектот „Граѓанското општество во акција за еднаквост“, спроведуван од страна на Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар, во партнерство со Центар за Ромска заедница (ДРОМ) Куманово и Асоцијација Иницијатива за социјална промена (ИнСоК) Скопје. Истиот е поддржан во рамките на ИПА Национална програма за транзициска помош и градење на институциите 2011, Грантова шема “Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанското општество“-EuropeAid/136-625/ID/ACT/MK.