Анализа на јавна инфраструктура Република Македонија
Јавната инфраструктура е инфраструктура во јавна сопственост или за јавна употреба. Обично се разликува од приватна или општа инфраструктура во однос на политики, финансирање, цел итн. Инвестирањето во јавната инфраструктура е развојна компонента на фискалната политика со цел подобрување на економските
перспективи и квалитетот на живот на граѓаните. Суштинска цел на овој вид на инвестиции е унапредување на транспортната мрежа во државата (автопати, железнички пруги, регионални и локални патишта), како и подобрување на енергетската и инфраструктурата на јавните претпријатија, образованието, социјалниот и
здравствен систем. Овие капитални инвестиции, освен тоа што последно време имаа позитивен ефект врз економската активност, исто така придонесуваат за зајакнување и поттикнување на конкурентноста на државата на долг рок и со тоа имаат клучна улога во зголемување на продуктивноста и производството. Важноста на јавната инфраструктура е огромна бидејќи без добра инфраструктура, не е остварлив економ-скиот развој на државата. “