Република Македонија (РМ) во последниве години надмина многу политички и економски пречки, но од перспектива на правата на детето напредокот е ограничен. Евиденцијата која е дадена во Анализата на состојбата на децата во РМ од февруари 2008 аргументира дека ситуацијата на децата во Македонија станува во многу нешта полоша. И покрај бурните законодавни реформи и пишување политики, децата и нивните семејства, особено сиромашните деца и сиромашните семејства ги пропуштаат правата на квалитетна здравствена нега и образование и правата на учество и вклученост.