Правичност за ретки болести
Флаер со клучни препораки за правичност за лицата со ретки болести преведен од флаерот на Европската Организација за ретки болести.
Флаер со клучни препораки за правичност за лицата со ретки болести преведен од флаерот на Европската Организација за ретки болести.
Позиционен труд на ЕУРОРДИС – Европска организација за ретки болести преведен на македонски јазик.
Брошура по повод дест години постоење на здружението. Опис на главни активности, изјави и приказни од семејства и пациенти, институции, доктори, фармацевтски претставници …
This Analysis is a segment of the Project entitled “All Together in Prevention of child and girls trafficking” implemented by the Roma Women and Youth Association “LULUDI” in the time period between September 2020 and May 2021. This project was financially supported by the European Union and the Council of Europe within the framework of the joint program of the EU and the Council of Europe – Horizontal Instrument for Western Balkans and Turkey 2019-2022.
Ова истражување беше спроведено непосредно пред локалните избори 2021 година, има за цел да даде одговори на прашањата колку кандидатите за градоначалници во своите програми планираат да им служат на граѓаните и дали ги разбираат посебните потреби на различни категории на граѓани ставајќи се во релација колку од нив имаат информации за родовата компонента во владеењето на локално ниво.
Второто прашање е колку од кандидатките за советнички ја познаваат родовата машинерија на локално ниво и како би ја употребиле за да ги задоволат потребите на жените од општина Шуто Оризари.
Третото прашање треба да ни понуди одговори во смисла дали кандидатите за градоначалници/чки и советничките имаат општи познавање од функционирањето на локалната самоуправа и ингеренциите која таа ги има, како и дали имаат заложби и сфери на интерес кои евентуално би ги застапувале во текот на нивниот мандат во општина Шуто Оризари.
Четврто прашање е како жените од останатите општини гледаат на учеството на жените во политиката во генерална смисла, но и на учеството на жените Ромки во политиката.
Да се помогне тогаш кога е најпотребно, тогаш кога нема кој или кога никој друг не може толку брзо да ја даде помошта – ете за тоа беа наменети Ад хок грантовите на Цивика мобилитас со кои 15 граѓански организации им излегоа во пресрет на потребите на нивните крајни корисници, граѓани на оваа земја. А брзата реакција понекогаш е поважна од количината на помош. Овие грантови не беа големи според буџетот, ама им покажаа на оние на кои итно им беа потребни дека некој мисли на нив и дека кризата во која се најде целиот свет можеме да ја пребродуваме заедно, чекор по чекор.
Оваа кратка брошура се осврнува на постигнувањата на корисниците на овие грантови. Во центарот на тие постигнувања се луѓето: жени и деца жртви на насилство, работниците, учениците соочени со проблемите за пристап до образование, младите, воспитувачите, сиромашните и маргинализирани по различни основи итн. Покрај другите, сите имаа една заедничка црта – беа особено погодени од кризата што ја предизвика Ковид-19.
Граѓанските организации брзо се мобилизираа, нивните контакти на терен им помогнаа да ги видат потребите на граѓаните и да ги „скројат“ активностите според тие потреби. Ова е нашиот начин да им оддадеме признание за брзата реакција, за враќањето на вербата кај граѓаните дека може да се победи во оваа битка. Ова е признание за нивните постигнувања.
Европската повелба за еднаквост го вбројува рамноправното учество на мажите и жените
при донесување на одлуки како предуслов за демократско општество правото на еднаквост
помеѓу половите, бара да локалните и регионалните власти ги превземат сите соодветни
стратегии, со цел да се промовира балансирана застапеност и учевство на мажите и жените
во сите сфери на одлучувањето.
Оваа анализа го користи следниов пристап: а) најпрвин прави родова анализа на учеството
на мажите и жените во одлучувањето на локално ниво; б) потоа прави родова анализа на
програмите; и в) на крај прави родова анализа на буџетите на 17те општини кои се вклучени
во проектот.
Во Република Северна Македонија, се најавуваат законски промени преку кои
граѓаните ќе може да креираат електронски идентитет, преку кои услугите од
институциите ќе ги добиваат електронски. Сето тоа води кон трансформација
на јавните услуги и нивна дигитализација. А тоа би придонело до заштеда на
пари, поквалитетни јавни услуги и зголемена транспарентност, полесен
пристап до податоци и секако бришење на воспоставениот бирократски систем.
Одржливото земјоделство е во срцето на “Целите за одржлив развој” на
Обединетите Нации (ОН) и првиот основен чекор кон обезбедување на свет без
глад (zero hunger). Согласно со Агендата на ОН, до 2030 година треба да бидат
обезбедени одржливи системи за производство на храна и да се спроведат
одржливи земјоделски практики што ја зголемуваат продуктивноста и
производството, кои помагаат во одржување на еко-системите, кои го
зајакнуваат капацитетот за прилагодување кон климатските промени,
екстремните временски услови, сушата, поплавите и другите катастрофи и кои
постепено го подобруваат квалитет на земјата и почвата.
Во изминатиот период, земјоделството, заедно со ловство, шумарство и
рибарството има остварено вкупен пораст на бруто додадената вредност од
4,5%. Секторот бележи континуиран годишен пораст на вредноста од
871.400.000 евра во 2014 година на 910.900.000 евра во 2019 година, освен во
2017 година поради влијанието на временските услови. Од друга страна,
релативното учеството на земјоделскиот сектор во бруто додадената вредност е
намалено од 10,2% на 8,1% поради поголемата додадена вредност остварена
во останатите попропулзивни економски дејности.
Само 38% од жените во руралните средини се сметаат за економски активни, а преостанатиот дел влегуваат во т.н. неформала економија.
За дискриминацијата на жените во руралните средини и во земјоделскиот сектор и потребата од вклучување на родовите перспективи во политиките за земјоделсвото и рурален развој може да прочитате повеќе во документот за јавни политики изработен во рамките на проектот: “Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите” кој што е финансиран од Европската Комисија, а имплементиран од Фондација Отворено Општество Македонија во соработка со Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, Евротинк – Центар за европски стратегии и Реактор – Истражување во акција, како партнери на проектот и Секретаријат за европски прашања како соработник на проектот.
Англиската верзија на документот е достапна тука.
Еден од предизвиците со кои се соочува денешното општество и модерните демократии е отуѓување на граѓаните во политичките процеси.
Вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации е битен елемент во демократскиот процес. Тоа овозможува канализирање на различните гледишта на граѓаните на алтернативен начин и обезбедува мноштво на интереси во процесот на донесување одлуки.
Комитетот на министри на Советот на Европа во 2007 година, го признава „суштинскиот придонес што го дават ГО во развојот и остварувањето на демократијата и човековите права, особено преку унапредување на свеста на јавноста, учество во јавниот живот и обезбедување на транспарентност и отчетност на јавните власти”