Заврши иницијативата „Мрдни со прст“ во Планинарскиот дом во село Папрадиште
Волонтерите од Младинскиот клуб на Фондација Фокус и од Еколошката групација Грин Пауер со заеднички сили максимално го искористија продолжениот викенд и го освежија домот. Се вароса поголем дел од просторот во објектот, комплетно се исфарба дограмата и клупите и масите во дворот, се испраа постелнината , а целосно преуредување доби и дворот пред домот. Волонтерите ја искосија обраснатата трева, но највпечатлив секако е потпорниот ѕид од десната страна пред влезот на домот. На него креативните волонтери нацртаа мурал кој асоцира на планинска куќа.