fbpx
x
Мени

Управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации

Контакт: Филип Стојановски, 078/346-248

Локација: Хотел Есперанот, Струмица

Здружение на граѓани „Центар за климатски промени“ – Гевгелија во рамките на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)“ Ве поканува да учествувате на дводневен форум на тема „ Управување со отпад во прекуграничниот регион – недостатоци во образованието кај младите генерации“ кој ќе се одржи на 12 и 13 мај 2017 со почеток во 11:30 часот во Хотел Есперанто, Струмица.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија, а се спроведува во соработка со партнерот од Република Бугарија, Алијанса на производители на еколошка енергија – BG, од Благоевград.

Главната цел на форумот е да ги собере на едно место сите засегнати страни и да се дискутира колку и на кој начин едукацијата за правилно постапување со отпадот е опфатена во образовниот систем во прекуграничниот регион. Односно, претставниците од двата погранични региони да имаат можност да поразговараат за моменталната состојба на образовниот систем во во делот на управување со отпад, предизвиците, потешкотиите, како и предностите на општеството од создавање на правилни навики кај популацијата за управување со отпад уште во најрана возраст.
На форумот се очекува учество на околу 40 учесници од прекуграничниот регион, претставници на основните училишта (професори, директори, педагози), здруженија на граѓани кои работи во областа на едукација на млади и локалната самоуправа.

Учеството на форумот е бесплатно.