fbpx
x
Мени

Улични игри – Пролетни бакнежи, прегратки 2018

Како и секогаш, највозбудливата акција за сите развигорци и помлади извидници до 13 години - ПРОЛЕТНИ БАКНЕЖИ, ПРЕГРАТКИ 2018 со тема Улични игри.
Натпреварот е наменет за сите извидници од 7 до 13 години во мешан состав од 4 извидници.
Се чекаме кај големото езерце во Градски парк на 2 јуни (да како и секоја година - кај тотемот/шахот и сл.)
Котизација за настанот е 200 денари од екипа и предзадача рачно направена коцка - колку поинтересна толку повеќе поени - бидете креативни може да биде голема, шарена и слично.
За сите ИЗВИДНИЦИ надвор од Скопје - котизацијата ќе ја покрие ПСИО.
Не заборавајте да се пријавите кај Вашиот другар/ка од ПСИО најдоцна до 26 мај 2018 година.

Биди подготвен!